Градиште (Скочивир)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Градиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Скочивир. Претставува населба од железно време. Се наоѓа на 9 км источно од селото и на 3 км од шумската куќа Јелак, високо во планинскиот масив на Кајмакчалан (кота 1.370), опколен од трите страни со реката Коњарка и нејзините притоки, каде се издига врв со зарамнето плато на чија површина се среќаваат фрагменти од керамички садови. Според местоположбата и материјалот, сигурно е дека се работи за утврдена населба од железното време.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Петалинско Кале — населба од железно време;
- Марково Кале — населба од железно време;
- Скочивир;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |