Сарај (Брод)
Сарај — археолошко наоѓалиште во битолското село Брод. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа под селото, на левиот брег на Црна Река, кога при регулацијата на нејзиното корито во 1954 година била откриена некропола на која во истата година биле извршени заштитни ископувања. Гробните конструкции се од сивозелен шкрилец и во облик на циста. Од гробни прилози се најдени керамички садови и накит од бронза кои се чуваат во Музејот во Битола.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бела Црква — населба од неолитско време;
- Браилово — утврдување од доцноантичко време;
- Џепен — населба од железно време;
- Грдилово — населба од доцноантичко време;
- Брод — населба од железно време;
- Брод;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |