Тумба Чебрен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумба Чебрен
археолошко наоѓалиште
Чебренски манастир.jpg

Поглед на местото со Чебренскиот манастир

Карта

Местоположба 41°7′0″N 21°42′47″E / 41.11667° СГШ; 21.71306° ИГД / 41.11667; 21.71306Координати: 41°7′0″N 21°42′47″E / 41.11667° СГШ; 21.71306° ИГД / 41.11667; 21.71306
Основни податоци
Место Чебрен
Општина Новаци
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба


Период римско време
доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Тумба Чебренархеолошко наоѓалиште во историското битолско село Чебрен кое денес потпаѓа во атарот на селото Зовиќ. Претставува населба од римско и доцноантичко време и средниот век. Се наоѓа на околу 3 км западно од селото Зовиќ, на падините на ритчето Марта, на височинка со надморска височина од околу 550 м. Највисокиот дел од височинката е заграден со одбранбени ѕидови, со простор од 700 м2 кој ја означува населбата од римскиот период. Населбата од доцноантичкото време зафаќа простор од 2,4 хектари и е оградена со импозантни одбранбени ѕидови од јужната страна. Егзистирала сè до паѓањето под турска власт, по што е сведена на манастирски комплекс, ограден од трет ѕид кој само се насетува на теренот. Во неговите рамки се населбата, Чебренскиот манастир со црквите „Св. Димитриј“ и „Св. Спас“. Целиот комплекс зафаќа површина од 27 хектари, која од три страни (јужната, западната и северната) е заокружена со Црна Река.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]