Прејди на содржината

Голема Тумба (Добромири)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема Тумба

Карта

Местоположба 41°4′9″N 21°27′20″E / 41.06917°N 21.45556°E / 41.06917; 21.45556
Основни податоци
МестоДобромири
ОпштинаНоваци
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Голема Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Добромири. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 1,5 км северно од селото, во непосредната близина на старото корито на Црна Река, каде од неговата лева страна се издига тумба висока 3 метра која има неправилна кружна основа со димензии од 210 × 100 м. Со интензивните земјоделски работи нејзиниот првобитен облик е прилично нарушен. Во 1977 година е извршено пробно ископување при што се пронајдени два хоризонта на живеење од времето на средниот неолит, односно од велушко-породинската културна група. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069