Прејди на содржината

Тумба (Новаци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумба

Поглед на денешните селски гробишта

Карта

Местоположба 41°2′30″N 21°27′21″E / 41.04167°N 21.45583°E / 41.04167; 21.45583
Основни податоци
МестоНоваци
ОпштинаНоваци
Тип

 населба


Период бронзено време
Портал „Археологија“

Тумба или Селски Гробиштаархеолошко наоѓалиште во битолското село Новаци. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на 500 м северно од селото, веднаш до левата страна на патот за Добромири. Тумбата има средна големина, со зачувана височина од 6 м и неправилна кружна основа. Во Првата светска војна при копањето на ровови се направени значителни оштетувања, а во поново време тука се сместени селските гробишта. По површината може да се сретнат многубројни фрагменти од керамички садови и орудија од камен. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069