Тумби (Рибарци)
Тумби — археолошко наоѓалиште во битолското село Рибарци. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на северозападната периферија на селото, каде се забележуваат пет тумби наредени блиску една до друга, со пречник што се движи од 60 до 80 метри и зачувана височина од околу 2 метри, со исклучок на една која е малку повисока (2,50 м). На сите пет тумби по површината има множество фрагменти од керамички садови и парчиња од куќен лепеж.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Во Селото — осамен наод од римско време;
- Смаилица — населба од римско време;
- Рибарци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |