Тумба Гробишта (Долно Агларци)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
археолошко наоѓалиште | |
Местоположба | 41°5′33″N 21°28′13″E / 41.09250° СГШ; 21.47028° ИГДКоординати: 41°5′33″N 21°28′13″E / 41.09250° СГШ; 21.47028° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Име | Тумба Гробишта |
Место | Долно Агларци |
Општина | Новаци |
Тип | |
Период | бронзено време |
Портал „Археологија“ • Проект „Археомак“ |
Тумба Гробишта е археолошки локалитет во битолското село Долно Агларци. Локалитетот претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на 500 m северно од селото и на околу 700 m источно од Црна Река. На површината што зафаќа простор од 50 x 70 m се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови. Во центарот на тумбата има плоча, вертикално забиена, со димензии од 1,25 x 0,33 x 0,21 m, на која на едната страна е врежан крст. Над крстот има полукруг, а лево и десно по едно мало крвче, а под нив правоаголна вдлабена површина и во неа врежан крст.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Смаилица - населба и некропола од среден век;
- Тумба - некропола од среден век;
- Долна Тумба - населба од неолитско време;
- Долно Агларци;
- Список на археолошки локалитети во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() |
Оваа статија за поврзана со македонската археологија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |