Ѓавато (превој)
Изглед
За други истоимени места, погледајте Ѓавато.
| Ѓавато | |
|---|---|
Поглед на превојот | |
| Надм. вис. | 1168 |
| Пат | |
| Место | помеѓу Преспанската Котлина и Пелагонија |
| Венец | помеѓу Бигла и Баба |
| Координати | 41°03′57.9″N 21°06′15.8″E / 41.066083°N 21.104389°E |
Ѓавато — планински превој во југозападниот дел на Македонија, кој ги поврзува планините Бигла на север и Баба на југ, а ги раздвојува Преспанската Котлина на запад и котлината Пелагонија на исток.[1] Во непосредна близина на превојот се наоѓа истоименото село.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Планинскиот премин Ѓавато се наоѓа на државниот магистрален пат А3 и регионалниот пат 1101.
Историја
[уреди | уреди извор]До средината на XIX век, на превојот и во непосредната околина се наоѓале седум мали словенски села — Ѓавато, Извор, Дреноец, Сува Леска, Утојца, Илино и Старо Село (старото Кажани).[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Објект на превојот
- Поглед на превојот
- Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ на превојот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-06-02. Посетено на 11 октомври 2018.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 241-243. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.