Панде Кајзеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Биста на Панде Кајзеро во битолскиот парк

Панде Стевов Јовчевски - Кајзеро (село Лавци, Битолско, 15 јули 1923 - Лавци, 22 јуни 1943) — македонски комунист, учесник во НОВ.

Потекнува од земјоделска фамилија, а и самиот бил земјоделец. Прогресивното движење што го имало опфатено селото Лавци не го заобиколило и младиот Панде. Тој бил опфатен во воспитна група и доста рано ја помагал НОВ. На 25 ноември 1942 година и самиот се приклучил кон единиците на НОВ и ПОМ. Прво бил во партизанскиот одред „Даме Груев“, а потоа во одредот „Јане Сандански“.[1] На 13 јуни 1943 година бил примен за член на КПЈ.[2]

На 22 јуни 1943 година селото Лавци било опколено од бугарска војска и полиција. Панде Кајзеро, заедно со Панде Ташкоски, тргнале да се вратат во партизанскиот одред, но наишле на бугарска заседа која ги раздвоила. Панде Ташкоски успеал да се пробие, а Панде Кајзеро отпочнал нерамна борба со непријателот. Во триесетминутната нерамна битка,[3] успеал да ликвидира 13 или 14 бугарски полицајци и војници. Откако му завршила муницијата, со последната бомба се самоубил.[4][5]

Неговата смрт е прикажана во филмот „Македонски дел од пеколот“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сојуз на борците - Битола
  2. Панде Ташкоски, „Доследни на заветот“, „Наша книга“, Скопје, 1990, 20 стр.
  3. Александар Литовски, „Споменици и спомен-обележја во Битола и Битолско“, Завод и Музеј Битола, Битола, 2012, 54 стр.
  4. Панде Ташкоски, „Доследни на заветот“, „Наша книга“, Скопје, 1990, 50-59 стр.
  5. Дане Петковски, Владо Стрезоски, „Bорбена дејства у Zападној Македонији 1941-1944.“, Београд, 1983.