Подино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Подино
Куќи во Подино.jpg

Куќи во селото Подино

Подино is located in Македонија
Подино
Местоположба на Подино во Македонија
Координати 41°13′05″N 21°20′34″E / 41.21806° СГШ; 21.34278° ИГД / 41.21806; 21.34278Координати: 41°13′05″N 21°20′34″E / 41.21806° СГШ; 21.34278° ИГД / 41.21806; 21.34278
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Mogila Municipality.svg Могила
Област Пелагонија
Население 51[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7245
Повик. бр. 047
Надм. вис. 680 м
Слава Рождество на Пресвета Богородица
Подино на општинската карта
Подино во Општина Могила.svg

Атарот на Подино во рамките на општината
Commons-logo.svg Подино на Ризницата


Подино — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од неговата местоположба, бидејќи се простира во подножјето на Орлак Планина.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа речиси во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско-ридско, на надморска височина од 680 метри.[3]

Селото е потпланинско, сместено во подножјето на планината Древеник, сместени помеѓу селата Ивањевци на југоисток и Свето Тодори на северозапад.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Коритов Камен, Липа, Јачмениште, Гладно Поле, Глогче, Асанкалица, Мутавџица, Рувчеица, Забел и Бели Камења.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на две маала, Горно и Долно. Во маалата се групирани родовските куќи.[4]

Подино е оддалечено 18 километри од општинското средиште Могила и 25 километри од градот Битола.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Според мештаните, но и според историските извори, некогаш постоеле две села: Горно и Долно Подино. Од страна на мештаните, положбата над денешното село ја нарекуваат Старо Подино.[2]

Прв пат овие две села биле споменати во периодот 1650-1750 година.[4]

Старини пронајдени на положбата на денешното село укажуваат дека некогаш тука постоело старо село. На месноста Забел се верува дека постоел манастир и стара црква, кои подоцна биле уништени заедно со тоа старо село. Еден мермерен камен од таа месност сега се наоѓа кај селската чешма.[4]

Денешното Подино е младо село. Било основано од македонски доселеници од раселеното планинско село Старо Подино. Основачи на селото биле Бошевци и Секуловци. Потоа дошле и родови од други села.[4]

Во XIX век, Горно и Долно Подино биле села во Битолската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Стопански објект во селото

Атарот зафаќа простор од 6,3 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 341 хектар, на пасиштата отпаѓаат 130 хектари, а на шумите 115 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подино живееле 115 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подино имало 96 Македонци, егзархисти.[6]

Селото е мало и е населено со македонско население. Така, во 1961 година имало 194, а во 1994 година 67 жители.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Подино живееле 51 жител, од кои 48 Македонци и 3 Роми.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 115 96 158 172 194 172 134 76 67 51
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Подино е македонско село.[4]

Родови во Подино се: Бошевци (5 к.), Котевци (2 к.) и Секуловци (9 к.), староседелци, кои живееле во Старо Подино. Од родот Секуловци потекнува познатиот револуционер Ѓорѓи Сугарев. Во Секуловци се знае следната генеологија Илија (жив во 1950-тите на 60 години) Петре-Секуле, од Старо Подино се доселиле Секуле или неговиот татко; Коруновци (5 к.) од Пашино Рувци се населиле најпрво во Бучин, па од таму во Подино; Мицаковци (1 куќа) доселени се 1916 година од селото Пашино Рувци; Штрковци (3 к.), доселени се од селото Вирово, Железник во 1923 година, најпрво во Свето Тодори, па во Подино.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Подино, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Свето Тодори, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0184 според Државната изборна комисија, сместено во месната заедница.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 37 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Археолошки локалитети[12]
Цркви[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселеници: Секојо (3 к.), живеат во селото Горно Оризари; Равановци (1 к.), живеат во Долно Оризари; Сугаревци (1 к.), живеат во Ивањевци; Пановци (2 к.), живеат во Свето Тодори. Целосно иселени родови се Шишковци, Трајчевци и Станчевци.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 септември 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. конс. 2019-09-07. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 238. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 7 септември 2019 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345. https://www.worldcat.org/oclc/41961345. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 7 септември 2019. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 7 септември 2019. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]