Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подино
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Ивањевска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°13′05.2″N 21°20′30″E / 41.218111°N 21.34167°E |
| Место | Подино |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | 1929 |
| Архитектонски опис | |
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Подино.[1] Црквата е сместена во западниот дел од селото, на возвишение кои ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Се верува дека црквата била возобновена во 1916 година на темели на стара црква од римско време.[2]
Во дворот на црквата се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Св. Богородица. Во дворот може да се забележат неколку мермерни сполии, и тоа: мено од мермер вградено во скалите, пред влезот на црквата има голема мермерна плоча, а една парапетна плоча лежи покрај апсидата.[3]
Црквата е изградена во 1929 година.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Во продолжение на западната страна е дограден помошен објект чиј влез се наоѓа на јужната страна. Црквата е изградена од варовник и е покриена со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига во североисточниот агол од дворот на црквата. Таа има квадратна основа, изградена е од камени тули, на секоја од четирите страни има по еден правоаголен прозорец, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот во камбанаријата се наоѓа на западната страна.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Портата од дворот на црквата
- Северната и источната страна на црквата
- Помошниот објект
- Камбанаријата
- Влезот на камбанаријата
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви“. web.archive.org. 2017-08-24. Архивирано од изворникот на 2017-08-24. Посетено на 2019-09-07.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Подино Архивирано на 30 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Подино на Ризницата ?


