Прејди на содржината

Кале (Зашле)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°22′20″N 21°08′35″E / 41.37222°N 21.14306°E / 41.37222; 21.14306
Основни податоци
МестоЗашле
ОпштинаДемир Хисар
Тип

 населба


Период среден век
Портал „Археологија“

Кале или Градархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Зашле. Претставува утврдена населба од средниот век. Се наоѓа на 2 км источно од селото, на ритче високо околу 300 м и со извонредна стратегиска положба. Калето има форма на неправилен четириаголник со димензии: 100 м во правецот исток-запад и 50 м во правецот север-југ. Оградено е со два одбранбени ѕида широки околу 2 м. По површината има градежен материјал, а се среќаваат и фрагменти од керамички садови. Откриени се делови од инсталација на водовод кој доаѓал од месноста Краста што е во непосредната близина.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069