Прејди на содржината

Калуѓерица (Мренога)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Калуѓерица

Карта

Местоположба 41°15′24″N 21°6′27″E / 41.25667°N 21.10750°E / 41.25667; 21.10750
Основни податоци
МестоМренога
ОпштинаДемир Хисар
Тип

 осамен наод


Период римско време
Портал „Археологија“

Калуѓерицаархеолошко наоѓалиште во демирхисарското село Мренога. Претставува осамен наод од римско време. Се наоѓа на 1,8 км од селото и на околу 3 км од патот Битола-Кичево, каде Голема Река го има изместено своето корито при што е засечен брег висок 7 м. Во профилот на брегот се гледаат остатоци од ѕидана конструкција, тули и многу саѓи, што се наоѓаат на длабочина до 2,5 м под површината. Според трапезоидните тули се добива впечаток дека се работи за објект со лачна конструкција. Бидејќи на теренот се среќаваат и тули со кружен отвор за проток на воздух, би можело да се претпостави дека се работи за печка, во голем дел уништена од реката. Според кажувањето на мештаните, во наоѓалиштето бил најден кантар кој е загубен.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069