Секула Спасев Темјаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Секула Спасев Темјаноски деец на ВМОРО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Секула Спасев Темјаноски е роден во селото Велмеј во 1878 година. Учествувал во Илинденското Востание. Бил соработник со Дејан Војвода. Во текот на Втората светска војна се ставил во соработка на окупаторите, италијанците и албанците, и како таков бил поставен за кмет на селото. Исто така тој агитирал за селото да подпадне под бугарска власт, така што тој имал бугарофилски чувства. Поради неговата активност во текот на Втората светска војна, главните во месната заедница на селото Велмеј, Митре Пачески и Крсте Крстаноски побарале да не му биде одобрена илинденската пензија на Секула Темјаноски.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)