Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Крушевско-демирхисарско |
| Парохија | Бучинска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°16′24″N 21°18′56″E / 41.27333°N 21.31556°E |
| Место | Бучин |
| Општина | Крушево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица |
| Изградба | XIX век |
| Архитектонски опис | |
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во крушевското село Бучин, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на самото сретсело, во непосредна близина на основното училиште. Околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната кон крајот на XIX век.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата поседува живопис и иконостас, на кои во 1876 година имаат работено крушевските мајстори Анастас Зограф и Никола Михајлов.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Никола Михајлов има работено на ѕидното сликарство на претставите Раѓање на Богородица (во патронската ниша на западната фасада) и на Исус Христос (над јужниот влез). Според теренските истражувања на Ј. Тричковска, доминантното учество на Никола во оваа црква е во живописувањето на олтарскиот простор, каде што во конхата на жртвеникот е реализирано мошне невообичаено решение со сместувањето на Тајната вечера покрај Погребението Христово. Во останатиот дел од храмот, рамноправно учествувал и неговиот соработник, што може да се заклучи од натписот сочуван над влезната врата.[5]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Апсидата
- Голем питос во селскиот двор
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Споредниот влез
- Ниша со фреска над влезот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Бучинска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 17 декември 2021.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2014-04-08. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 2021-12-17.
- ↑ „Патримониум“ (PDF). http://www.kalamus.com.mk/. 2016. Посетено на 2021-12-17. Надворешна врска во
|work=(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Бучин на Ризницата ?


