Никола Михајлов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Михајлов од Крушево, македонски сликар и зограф од XIX век.

Животопис[уреди | уреди извор]

Никола Михајлов бил син на сликарот Никола Зиси, во изработката на престолните икони „повеќе се приближувал до сликарството на Маргарит Зограф кој работел во Прилеп и околината во втората половина на XVIII век“.[1][2] Во 1867 година ја насликал иконата Преображение Христово за Зрзескиот манастир, а во периодот помеѓу 1870 и 1872 г. Никола, ги изработил најзначајните икони за иконостасот во црквата „Св. Преображение“ во Прилеп (кон неговото творештво, од преостанатите икони во ризницата на црквата „Св. Преображение“, може со поголема веројатност да му се препишат уште три икони Преображение, Богородица со Христос, Исус Христос. Негови икони се пронајдени и во соседната црква „Св. Благовештение“ иако се смета дека се тие донесени од некоја друга црква. Заедно со Адамче Најдов (Зограф) работеле и во Белград.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николовски, Дарко (2013). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“. Ниш и Византија. XI: 365.
  2. Николовски, Дарко (2004). „Една непозната зографска работилница во уметноста на XVIII век“. Културно наследство. 28-29: 197-208.
  3. Бабиќ, Бошко (1961). „Неколку податоци за ѕидарите и сликарите во Прилепскиот крај од XIX век“. Стремеж. 1: 59.