Црква „Св. Преображение“ - Прилеп
Изглед
Црква „Св. Преображение“
| |
Црквата „Св. Преображение“ во почетокот на XX век | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Местоположба | |
---|---|
Општина | Прилеп |
Општи податоци | |
Архитектонски опис |
„Св. Преображение“ — црква кој се наоѓа во центарот градот Прилеп, веднаш на кејот на градската река.
Црквата е позната и како Грчка црква бидејќи гркоманското влашко население од Прилеп успеало да издејствува ферман за изградба од Цариградската порта. Црквата е изградена во 1871 година.[1]
Црквата претставува трикорабна базилика, со пет куполи, подигната над нивото на земјата, што ја објаснува привилегираната положба на Власите во тоа време. На надворешната источна страна има деветаголна апсида.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Историја на уметност“. Општина Прилеп.
|