Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани
Свети Димитриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Втора кривогаштанска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°20′15″N 21°19′43″E / 41.33750°N 21.32861°E |
| Место | Кривогаштани |
| Општина | Кривогаштани |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Димитриј |
| Изградба | 1911 |
| Завршено | 19 април 1912 |
| Живопис | 1912 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Димитриј — главна селска црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото Кривогаштани, на самиот регионален пат 1306. Околу црквата се наоѓаат гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена во селото Кривогаштани.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била изградена во 1911 година. Претходно на тоа место имало остатоци од стар храм.[2] Сепак, натписот на камбанаријата на црквата покажува дека истата била изградена на 19 април 1912 година.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата има трикорабна градба, со полукружна апсида на источната страна, расчленета со три слепи ниши.[3]
Во црквата се чува мермерна надгробна плоча со релјефна претстава на две машки и две женски бисти. Горе има калкан со палмета и акротерија, а во едикулата претстава на коњаник, дете што стои на ара и десно од него жена. Под нив има старогрчки натпис во 10 реда.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Живописот црквата го добила истата година кога била подигна, во 1912 година. Црквата има и женска црква – галерија.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Гробишта во црковниот двор
- Гробиштата и помошниот објект
- Споредниот влез
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Натписи на камбанаријата на црквата
- Главниот влез
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- 1 2 „Црква „Свети Димитриј", село Кривогаштани“. OLDPRILEP.COM. 2011-12-29. Посетено на 2022-01-06.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 301. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Кривогаштани на Ризницата ?


