Слепченски манастир (Прилепско)

Координати: 41°30′09.5″N 21°27′53.5″E / 41.502639° СГШ; 21.464861° ИГД / 41.502639; 21.464861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Слепченски манастир
Конаците на манастирот
Информации
Целосно имеСлепченски манастир
Други имињаМанастир „Свети Никола“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Никола
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
ЦрквиЦрква „Св. Никола“
Личности
Место
Местово близина на Слепче, Општина Долнени Македонија Македонија
Координати41°30′09.5″N 21°27′53.5″E / 41.502639° СГШ; 21.464861° ИГД / 41.502639; 21.464861
Видливи остатоциедна црква, конаци, чешма, стопански и помошни објекти
Отворен за јавностада
Други информации(Долненско-секиречка парохија)

Слепченски манастирманастир во средишниот дел на Македонија, на западните падини на планината Бабуна, во близина на селото Слепче.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот бил изграден во 1673 година од еромонахот Михаил, но од натписот на мермерната плоча во нишата на проскомодијата се забележуваат и имиња на други еромонаси и монаси.[2]

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот влегуваат стопански дел, една црква, конаци, чешма и неколку помошни објекти. Стопанскиот дел се наоѓа непосредно од обете страни пред влезот на манастирот, а во него се одгледуваат овци и свињи. До дворот на манастирот води камена порта која неодамна била обновена, но од оштетениот фрескопис во нејзиниот сводест дел може да се заклучи дека таа има постара потекло. Во време кога манастирот бил во цутот на развојот, сводестиот дел бил целосно насликан со патронот на манастирот Свети Никола како замена средишно место на полукружната површина. На северната страна во дворот на манастирот се наоѓаат стари конаци. Тие се на два ката, со долг чардак во предниот дел и се надградени на карпестиот простор.[3]

Црква „Свети Никола“[уреди | уреди извор]

Манастирската црква е сместена во средишниот дел од источната половина на манастирскиот двор. Според натписот над влезот на црквата од внатрешната страна, таа била изградена и зографисана во 1674 година. Од натписот се забележува дека нејзини ктитори биле игуменот и еромонах Сергиј, еромонахот Никифор, монахот Кирил, монахињата Јаникија и други световни лица.[2] Градбата на црквата е еднокорабна и без апсида, а во поново време била доградена и припрата без живопис.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 А., Б.. „Манастир „Свети Никола“, село Слепче“. OldPrilep. 6 декември 2011.
  3. 3,0 3,1 Д., Т.. „Величието на црквата „Св. Никола“ во манастирот кај селото Слепче, Општина Долнени“. Пелагон. 27 април 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]