Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Варош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
македонска православна црква
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Архијерејско намесништвоПрилепско
ПарохијаВарошка
Местоположба

Карта

МестоВарош
ОпштинаПрилеп
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Атанасиј
Архитектонски опис

Свети Атанасиј претставува македонски православен храм, кој се наоѓа среде средновековната населба Варош[1], во непосредна близина на црквите „Свети Димитриј“, „Света Богородица – Пречиста“ и манастирот “Свети Архангел Михаил“.

Историја

[уреди | уреди извор]
Црквата „Св. Атанасиј“ во почетокот на XX век
Поглед кон црквата

За црквата не се зачувани никакви историски податоци, ниту се најдени натписи во самата црква, современи на нејзиното подигање и живописување. Тоа го усложнува нејзиното попрецизно датирање. Во врска со црквата, се спомнува само архимандритот Леонтиј, кој во 1622 година подарил еден псалтир на манастирот „Зограф“ на Света Гора.

Архитектонски одлики

[уреди | уреди извор]

Црквата има крстообразна форма. Куполата е изведена преку сферни триаголници, носени од четири монолитни столбови, од кои се сочувани само двата на источната страна. Во ѕидовите на црквата користен е антички градежен материјал, меѓу кои спаѓаат и погоре спомнатите столбови.

На олтарната апсида, која однадвор е тространа, се наоѓа убаво пропорциониран бифорен прозорец со камена колонета. Над влезната врата од западната страна, во тимпанот, сочувана е фреската со ликот на свети Атанасиј. Црквата е градена во комбинација на правилни тесаници и цигла, што претставува карактеристичен начин на ѕидање и оживување на фасадите во XIV век. Во текот на времето, во населбата Варош, многу цркви се урнати до темел, а некои од нив, како „Свети Атанасиј“, сериозно се оштетени. Од првобитниот живопис, кој целосно е уништен, сочувани се видливи траги на јужниот ѕид.

  1. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.