Црква „Св. Атанасиј“ - Витолиште
Свети Атанасиј | |
Воздушен поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Прилепечко-витолишка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°10′49″N 21°49′34″E / 41.18028°N 21.82611°E |
| Место | Витолиште |
| Општина | Прилеп |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Атанасиј |
| Изградба | 1926 |
| Завршено | 1935 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Атанасиј — главна селска црква во мариовското село Витолиште, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на самото сретсело.
Историја
[уреди | уреди извор]Денешната градба на црквата била започната во 1926 година и истата била завршена во 1935 година. На истата во 2023 година се забележани пукнатини на ѕидовите и сводовите.[2]
На црквата ѝ е потребна санација и конзервација.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна.[2]
На црквата било извршено конструктивно зајакнување со видливи армирано-бетонски столбови и носачи од надворешна страна, само на јужниот фасаден ѕид.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата поседува делумен фрескоживопис, кој бил насликан во втората половина на XX век. Истото, особено во наосот, е во исклучително лоша состојба.[2]
Обичаи во црквата
[уреди | уреди извор]- Водици
Специфичен настан поврзан со црквата е прославата на православниот празник Водици. Имено на тој ден селаните се собираат сретсело каде што се наоѓа црквата. Секој зема по една икона и сите заедно вртат три круга во дворот на црквата, кажувајќи молитви. Потоа сите заедно одат кај реката Краваштина каде што се фрла крстот. Откако најсреќниот ќе го фати крстот, тој шета низ селото и луѓето го даруваат со мед, сирење, ракија и со слатки. Во водата каде што бил фрлен крстот се мијат иконите и се враќаат назад во црквата. Истиот ден се избира новиот кум за в година, а потоа се одбираат 10 луѓе наречени Шкуртари. Кај секој од нив се оди дома, сè додека не се стигне до последниот каде што се служи вечера.[3]
- Венчавка
За време на некоја венчавка, невестата на денот на самиот ден била носена во црква од страна на жените. Откако ќе кажела неколку молитви, таа, според обичајот, морала да оди на влезот од селото каде што има кладенец пред кој невестите гувееле. Затоа и кладенецот се нарекувал гувелник. Тоа го правеле за да бидат послушни пред да влезат во домот на свекорот и свекрвата.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Страничен поглед кон црквата
- Влезната порта и црквата
- Куполата на црквата
- Куполата на црквата
- Поглед на црквата
- Воздушен поглед
- Воздушен поглед
- Главниот влез
- Ниша над главниот влез
- Спореден влез
- Помошниот објект
- Апсидата
- Спореден влез
- Камбанаријата
- Источната страна
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 „Св. Атанасие“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2025-12-29.
- ↑ „с. Витолиште, Мариовска Клисура“. Крале Марко. Архивирано од изворникот на 2008-04-13. Посетено на 2011-01-12.
- ↑ „Последна свадба во Мариово“. 12 ноември 2009. Посетено на 2011-01-12.[мртва врска]


