Секирци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Секирци
Sekirci-MK.JPG

Влезот на селото Секирци од исток

Секирци се наоѓа во Republic of Macedonia
Секирци
Местоположба на Секирци во Македонија
Координати 41°28′44″ СГШ 21°24′45″ ИГД / 
Регион Прилепско Поле
Општина Општина Долнени
Население 302 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 620 м
Commons-logo.svg Секирци на Ризницата

Секирци е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Секирци е сместено во Прилепско Поле, северозападно од градот Прилеп. Селото Секирци се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, а во средишниот дел на Општина Долнени. Тоа е рамничарско село на надморска височина од 620 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 27 километри. Најблиски околни села се Пешталево, Костинци и Браилово. Вода за пиење се добива од бунари длабоки од 3 до 8 метри. Извори нема. Секирци е село од збиен тип кое не се дели на маала. Роднинските куќи се блиску една до друга и повеќето се групирани. Помали делови на селото носат имиња според родовите Спасевци, Волчевци итн. Атарот зафаќа простор од 8,9 км2 на кои обработливото земјиште зазема површина од 808 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 50 хектари, поради што Секирци има полјоделска функција. Месностите и потезите на атарот ги носат следните имиња: Гарелица, Пепелиште, Мртвица, Баталица, Крива Врба, Камчеица, Влаканица, Бежица (нива купена од еден бег од Пешталево), Дабче, Гладница, Крушка, Испраен Камен за кои постои легенда која вели дека го фрлил Крали Марко од Марковите Кули над Прилеп, Бревче, Магарица, Јашарица, Кинатиште, Негрео Кладенче, Богатиница, Зад Корија, Грозданоец, Бучало, Шарена Петлица, Чаир (на карта: Голема Ливада).

Историja[уреди | уреди извор]

Остатоците од старини сведочат дека овде имало населба уште од дамнешни времиња. На местото Пепелиште или Брегои, јужно од Секирци, селаните наоѓале големи ќупови и темели од куќни ѕидови[1]. На Богатинец, североисточно од селото, откопан е стар гроб, а во самото село е пронајден стар бунар. Во месноста Шарена Петлица, 1 километар северно во лозјата, ископани се гробови однатре обложени со големи ќерамиди чија должина била 90, а широчина 40 цм. Некои мислат дека таму бил стариот манастир Свети Никола. Денешното село било основано на земјиште кое „сето било ади, пустарица, обраснато со грмушки“. Првите доселеници морале да ја крчат шумата. Добри дабови шуми околу Секирци имало до пред 140 години[1]. Можно е поради ова големо сечење на шумата со секири, селото да го добило своето име Секирци. За најстар род се сметаат Пројковци. Потоа по староста доаѓаат Дубревци, Петревци и Спасевци. Останите родови се помлади. За време на турското владеење, Секирци било „рајатско“ односно слободно село со своја сопствена земја[1]. Дури на крајот на XIX век албанци од соседното село Црнилиште кои тука биле полјаци, образувале три чифлизи од кои секој имал 500 слогови земја при што тие зафаќале половина од селската земја. Чифлизите настанале на тој начин што полјаците во селото примале награда во жито, а доколку некој селанец не им ја дадел договорената количина тие му ја одземале нивата[1]. Во 1912 година секој селанец од чифлик-сајбиите ја купил онаа земја која порано припаѓала на неговите предци. Во Секирци има црква посветена на Свети Атанасиј која е изградена во 1856 година. Селаните таа црква ја срушиле во 1920 година и на нејзиното место подигнале нова. Селската слава е Спасовден, а претходно се славело и Свети Атанасиј која според кажувањата на селаните „била товар па ја оставиле“. Во 1953 година била основана државната задруга „Напредок“ која зафатила околу 120 хектари земја во атарот на Секирци. Потоа биле земени и помали делови од атарите на околните села Костинци и Пешталево. До Втората светска војна селаните најмногу произведувале жито, додека сега главен производ е тутунот. Во 1954 година секое семејство од продадениот тутун просечно добивало по 150.000 динари. Бројот на домаќинствата во Секирци низ ХХ-от век изнесувал: 49 во 1921 г., 86 во 1948 г., 101 во 1961 г., 102 во 1971 г. Во 1954 година во селото имало вкупно 90 домаќинства.

Поглед на Секирци

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото Секирци потекнува од зборот секира. Според историското предание денешното село Секирци било основано на земјиште кое „сето било ади, пустарица, обраснато со грмушки“, поради што првите доселеници морале да ја крчат шумата[1]. Добри дабови шуми околу Секирци имало до пред 140 години. Можно е поради ова големо сечење на шумата со секири, селото да го добило своето име Секирци.

Економија и стопанство[уреди | уреди извор]

Јака од женска кошула, везена со алова, црна, модра и зелена волна. Техника „грабено“. С. Секирци, Прилепско Поле, почеток на XX век

Според составот на атарот селото Секирци има исклучиво полјоделска функција. Во 1953 година била основана државната задруга „Напредок“ која зафатила околу 120 хектари земја во атарот на Секирци. Потоа биле земени и помали делови од атарите на околните села Костинци и Пешталево. До Втората светска војна селаните најмногу произведувале жито, додека сега главен производ е тутунот. Во 1954 година секое семејство од продадениот тутун просечно добивало по 150.000 динари.

Население и демографија[уреди | уреди извор]

Штркови во Секирци

Во почетокот на XX век во село Секирци живееле околу 492 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Секирци живеат 302 жители, сите Македонци.[3]. По значителниот пад, Секирци денес бележи пораст на бројот на жителите. Во 1961 година во Секирци живееле 543 жители, во 1994 се преполовило на 258, а во 2002 бројот пораснал на 302 жители.

Родови[уреди | уреди извор]

Во Секирци од секогаш сѐ до денешни дни живеат само Македонци од православна христијанска вероисповед. Најстар македонски род се Пројковци (слават Петковден). За нив не се знае дали се старинци или се доселени од некаде, но најверојатно е дека тие се староседелци. Дубревци, Тренковци и Трајчевци слават Свети Никола. Првите два рода некогаш биле еден род. Волчевци слават Свети великомаченик Елефтерија. Доселени македонски родови со познато потекло се: Божиновци и Ѓоревци слават Свети Архангел и порано сочинувале еден род. Доселени се од Порече. Прчевци (слават Свети Никола) дошле пред 90 години од Маргари, каде имаат роднини со подалечно потекло од мијачкиот крај во западна Македонија. Жабјанци (слават Свети Никола) дошле во 1909 година од Жабјани.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“ во Секирци

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[4]
Археолошки локалитети[5]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за овие иселеници од Секирци: Димковци живеат во Костинци. Панџовци живеат во Гостиражни. Димбаровци живеат во Кутлешево. Спироски и Тренковци живеат во Сливје. Волчевци живеат во Боротино. Волчевци живеат во Браилово. Значаен број иселеници има уште и во Прилеп (околу 30ина куќи), Скопје и Бугарија.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 369. 
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246.
  3. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 
  4. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  5. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  6. 6,0 6,1 6,2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавоња, Београд 1998

Надворешни врски[уреди | уреди извор]