Пепелиште (Секирци)
Пепелиште или Брегои — археолошко наоѓалиште во прилепското село Секирци. Претставува населба, но поради неистраженоста не е датиран. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека јужно од селото, месното население пронаоѓало врчви и темели на објекти.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Селска Црква — осамен наод од римско време;[2]
- Богатинец — гроб од непознат период;[1]
- Шарена Петлица — некропола од непознат период;[1]
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |