Ѓупско Кале (Слепче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓупско Кале


Местоположба 41°30′2″N 21°27′6″E / 41.50056° СГШ; 21.45167° ИГД / 41.50056; 21.45167Координати: 41°30′2″N 21°27′6″E / 41.50056° СГШ; 21.45167° ИГД / 41.50056; 21.45167
Основни податоци
Место Слепче
Општина Долнени
Тип

Археомак 2.0 графички знак (тврдина).svg тврдина


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Ѓупско Калеархеолошко наоѓалиште во прилепското село Слепче. Претставува тврдина од доцно хеленистичко време. Се наоѓа на височинка, koja e на 1,2 км југоисточно од селото и источно од врвот Соколички Камен. Тука се видливи остатоци од мала тврдина. Просторот, голем околу 1 хектар, е опколен со одбранбен бедем граден од кршен камен без варов малтер. Во неговата внатрешност, по површината се гледаат грамади од градежен материјал и голем број фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и покривни ќерамиди. Кај Милан Бошкоски од селото се чуваат повеќе антички монети најдени во ова наоѓалиште, меѓу кои една од македонскиот крал Персеј (178-168) и една со портрет на Јанус на аверсот, искована во Тесалоника.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.