Петочна Вода (Браилово)
Изглед
„Петочна Вода“ | |
| Местоположба | 41°28′36″N 21°27′41″E / 41.47667°N 21.46139°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Браилово |
| Општина | Долнени |
| Тип |
|
| Период | хеленистичко време |
| римско време | |
| Портал „Археологија“ | |
Петочна Вода — археолошко наоѓалиште во прилепското село Браилово. Претставува некропола од хеленистичко и римско време.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Се наоѓа на една блага падина, оддалечена 1,5 километри северно од селото.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]На наоѓалиштето селаните откопале повеќе гробови со камени конструкции во кои починатите биле кремирани, а од прилози нашле керамички садови, монети и друго. Од оваа некропола потекнуваат три монети од мекедонскиот период кои се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Бојоица — некропола од доцноантичко време;
- Манастир Св. Илија — базилика од старохристијанско време;
- Селски Гробишта — некропола од доцноантичко време;
- Тумба — некропола одримско и доцноантичко време;
- Грамаѓе — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Соколица — населба и некропола од непознат период;[2]
- Браилово; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 282. ISBN 9989-649-28-6.
- 1 2 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
