Стара Црква (Големо Мраморани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стара Црква
археолошко наоѓалиште
Стара Црква is located in Археолошки локалитет во Македонија
Стара Црква
Стара Црква
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°24′05.3″N 21°30′12.2″E / 41.401472° СГШ; 21.503389° ИГД / 41.401472; 21.503389Координати: 41°24′05.3″N 21°30′12.2″E / 41.401472° СГШ; 21.503389° ИГД / 41.401472; 21.503389
Основни податоци
Име Стара Црква
Место Големо Мраморани
Општина Долнени
Тип

Археомак 2.0 графички знак (црква).svg црква Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола

Период среден век
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Стара Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското историско село Големо Мраморани. Претставува црква и некропола од среден век. Се наоѓа непосредно до урнатините на селото, која според темелите, не била многу голема градба и претставувала еднокорабна црковна градба со средни димензии, но во неа биле вградени како сполии и елементи од постара градба, сосема веројатно, ранохристијанска црква, на која укажува еден мермерен споменик, капител со изработен крст, како и други мермерни и камени блокови, тегули (покривни ѓерамиди) од античкиот период и слични показатели и остатоци од постара градба. Речиси во самите гробишта, на мало растојание од црквата се среќава и еден голем винарник – објект за гмечење грозје и правење вино, а уште еден таков објект, но со помали димензии, се наоѓа на периферијата на гробиштата, поточно на околу 50 м источно од карпата „менхир“. Овие камени објекти, како објекти биле користени во производството на вино уште од антиката, а можеби и во подлабоката историја. На просторот на кој биле сместени црквата и гробиштата се среќаваат и други културни траги, како обработени форми по карпите, така и фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал. [1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Истражувања на КУЛТУРНИОТ ИСТРАЖУВАЧКО-ДОКУМЕНТАЦИСКИ ЦЕНТАР „КАЛЕШ АНЃА“ од Прилеп; 2013