Кале (Десово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Наоди од наоѓалиштето Кале изложени во најмалиот етнолошки музеј во светот во Тетовско Џепчиште

Карта

Местоположба 41°27′45″N 21°29′28″E / 41.46250° СГШ; 21.49111° ИГД / 41.46250; 21.49111Координати: 41°27′45″N 21°29′28″E / 41.46250° СГШ; 21.49111° ИГД / 41.46250; 21.49111
Основни податоци
Место Десово
Општина Долнени
Тип

 населба


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во прилепското село Десово. Претставува населба од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 4 км северно од селото, под врвот Леска, каде на површина од 30 м2 се гледаат траги од ѕидови. И на повисокиот крај на наоѓалиштето, исто така, има темели, и тоа од поголем објект кој се простира на околу 1.000 м2. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал, а најдени се и византиски монети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  2. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998