Млака (Дебреште)
Млака — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дебреште. Претставува некропола од среден век. Се наоѓа на околу 250 м западно од наоѓалиштето Градиште, каде преку малата рекичка кон селото Дебреште, се откриени повеќе гробови со конструкции од валчести камења, временски датирани во VIII и IX век. Во нив е најден накит од сребро и бронза. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Селска Џамија — осамен наод од римско време;
- Бачилиште — населба од римско време;
- Градиште — населба од неолит до среден век;
- Загориче — населба и црква од средниот век;
- Кале — кастел од доцноантичко време;
- Горна Црква — населба од доцноантичко време и црква од старохристијанско време;
- Дебреште;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |