Црква Св. Атанас (Сенокос)
Црква Св. Атанас — археолошко наоѓалиште во прилепското село Сенокос. Претставува осамени наоди од римско време. Се наоѓа во ѕидот на селската црква „Св. Атанасиј“, каде од надворешната страна е вѕидана надгробна плоча од мермер со старогрчки натпис. Во црквата се чува плоча од мермер во облик на медалјон со релјефна претстава на три бисти, а во припратата има две стебла од столбови и дел од архитравна греда од мермер.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Ашкулица — населба од доцноантичко време;
- Бела Чешма — населба од доцноантичко време;
- Могила — населба од неолитско време;
- Пуста Црква — населба од римско време;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |