Прејди на содржината

Медалјон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Медалјон[1][2] — украс во облик на мала тркалезна или овална плочка во која се става портрет и се носи на врат.

Во архитектурата и уметничкото занаетчиство, медалјон е тркалезно или овално[3] украсено поле со слики или релјефи, што се користи за украсување фасади, ентериери, споменици, гробови, мебел, теписи, чаши или опрема.

За скулпторски медалјони се користат различни материјали: камен, бронза, алабастер, теракота и мермер. Во ренесансата, за обликување често се користеле преполовени портрети или портретни релјефи или бисти засновани на древни урнеци.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „медалјон“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „медалјон“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Mish, Frederick C., уред. (2003). Merriam-Webster's Collegiate Dictionary (11th. изд.). Springfield, MA: Merriam-Webster. ISBN 0-87779-808-7. See definition 2.