Теракота
Теракота или исто terra cotta (лат.: „печена глина“) е вид на керамика. Се употребува за изработка на керамика за водовод или декорација на градби. Има згаснато портокалова боја.
Теракота во стариот век била користена за изработка на скулптурички од керамика опека или покривки за кровови. Најстари скулптурички од теракота се сушени на сонце, потоа биле палени на отворено огниште во пепелта, а подоцна веќе во печки на високи температури како и денес.
Старите Грци ги печеле фигуричките од теракота, а познати се и дела кои се со поголем формат од теракота како што е „Зеус го грабнува Ганимед“. Етрурците ја употребувале теракота за екстерно украсување на своите храмови со скулптури. Помеѓу 210-тите години п.н.е. кинескиот цар дозволил со него во неговиот гроб да се погребаат преку 8.000 војници и коњи од теракота. Францускиот вајар А. Е. Кариер-Белусе („Albert-Ernest Carrier-Belleuse“) ја употребувал за своето дело кое претставувало кентаур како му носи на Хиподамеј токму теракота. Пример за масовно искористување на теракота како архитектонска декорација се градби во викторијански стил во Бирмингем во Англија.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Теракота“ на Ризницата ? |
- Članak o upotrebi terakote na objektima u viktorijanskom stilu Архивирано на 26 април 2009 г. (angliski)
- Tile Heritage Foundation (angliski)
- Friends of Terra Cotta - neprofitna organizacija koja se bavi terakotom. (angliski)
- Tiles and Architectural Ceramics Society (angliski)
-
Декорација од теракота во Кантаја
-
Етрурски саркофаг на брачен пар од теракота
-
Музеј на природна историја во Лондон- типична градба во викторијански стил.