Сенокос (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сенокос
Поглед на Сенокос.jpg

Поглед на Сенокос

Сенокос is located in Македонија
Сенокос
Местоположба на Сенокос во Македонија
Координати 41°24′48″N 21°28′12″E / 41.41333° N; 21.47000° E / 41.41333; 21.47000Координати: 41°24′48″N 21°28′12″E / 41.41333° N; 21.47000° E / 41.41333; 21.47000
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 315[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Надм. вис. 623 м
Слава Ѓурѓовден
Сенокос на општинската карта
Сенокос во Општина Долнени.svg

Атарот на Сенокос во рамките на општината
Commons-logo.svg Сенокос на Ризницата


Сенокос — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото Сенокос е со македонско потекло и означува место на коешто се коси сено. Во Македонија постои уште едно село со истото име — Сенокос во Гостиварско — а села со исти имиња се среќаваат и во повеќе други словенски земји, како на пример Бугарија и Србија. Во средновековните записи, документи и пописи, името „сенокос“ официјално се употребувало за посебен вид и тип на земјиште (имот), од коешто се косело сеното. Самата местоположба и историја на селото чиешто земјиште во минатото било мочуриште околку коешто има ливади од кои се косело многу сено ја потврдува претпоставката за значењето и настанокот на името.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото со околината

Сенокос се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, на југоисточната страна од територијата на Општина Долнени, недалеку од патот Прилеп-Македонски Брод. Соседни села се: Мало Мраморани, Долнени и Новоселани. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 623 м. Со исклучок на неколку дрвореди од тополи коишто служат за заштита од ветер на посевите меѓу нивите и нискостеблести грмушки покрај железничката пруга, самото село Сенокос и целата негова околина се изразито рамничарски со обработено земјиште, без воопшто да има шуми или поголема дрвна растителност. Селскиот атар зафаќа површина од 8,4 км2. Од Прилеп е оддалечено 11 км.[2][3]

Сенокос е село од збиен тип коешто се дели на три маала: Горно, Долно и Средно. Маалата се малку раздалечени едно од друго, така што и групите на куќи во нив се слабо издвоени.[3]

Недалеку од селото се наоѓа железничкото стојалиште ЖС „Сенокос“.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Сенокос се смета за релативно младо село. Сепак, во месноста Могила, сместена на 2 км западно од селото, се вели дека селаните ископувале парчиња ќерамиди, што укажува дека подрачјето било населено многу одамна. Земјиштето околу селото долго време било мочурливо, но потоа било исушено со ископување на канал. На добиената сува земја било основано денешното село од страна на Македонци кои се доселиле кај турски чифли-сајбии.[3]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделска функција. Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 612 ха, а на пасишта отпаѓаат 167 ха.[2] Во селото најмногу се одгледуваат тутун и жито. Од житариците најзастапени се пченицата и јачменот, а во помала мера и пченката и ‘ржта. Се одгледуваат и фуражни култури, како на пример: луцерка, детелина и крмна пченка за сточна храна; а застапени се и градинарските култури, како на пример: кромид, домат, пипер, морков, лук и марула. Дел од производството на градинарските производи е за задоволување на сопствените потреби, а дел и за продажба во Прилеп. Во помали размери е застапено и сточарството, главно преку одгледување на крави и овци. Во селските ливади се коси и сено коешто понатаму служи за прехрана на стоката преку зима. Поради непосредната близина на селото до Прилеп, дел од мештаните се занимаваат и со други стопански дејности во градот. Водата за пиење се добива од бунари.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот вилает (Vilayet-I Prilepe) под името С-н-а-к-о-с и во него имало 24 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[5]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Сенокос се споменува како село со 35 домаќинства и 133 жители Македонци.[6]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Сенокос имало 280 жители Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Сенокос е посочено како село со 176 жители Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, во селото Долнени живеат 315 жители, од кои 313 Македонци и 2 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[9] 1905[10] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 280 176 397 424 435 386 354 292 298 315
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Сите македонски родови кои живеат во Сенокос потекнуваат од доселеници. Смрдлевци (слават Петковден) се први доселеници кои во селото дошле од Мариово[3]. Од нив потекнува и родот Кашовци во соседното село Мало Мраморани. Ачковци (слават Свети Никола) дошле после наведениот род, но не ја знаат старината и местото на иселување. Стевановци (слават Митровден) доселени се после Ачковци и потекнуваат од домазет од соседното село Заполжани. Јакововци и Рујановци претходно сочинувале еден род кој се викал Чингеловци. Долше пред околу 160 години од Големо Мраморани, сега раселено и пусто селиште. Шилежовци (слават Митровден) не знаат од каде се доселиле во Сенокос[3]. Најдовци или Божиновци (слават Свети Никола) дошле од Долнени каде што им се роднини Станојовци. Лефтеровци (слават Петковден) и тие се од Долнени каде што се доселиле од некаде[3]. Кокароски (слават Свети Никола) не знаат од каде се доселени. Паламидовци (слават Свети Никола) дошле од Вранче каде што биле старинци. Здруковци (слават Петковден) дошле пред 90 години од Долнени. Карајаневци (немаат слава), дошле пред 68 години од селото Ранци во Кајларско, Егејска Македонија[3]. Поречани дошле од Порече пред 63-64 години.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото работи подрачното основно училиште „Пецо Даскалот“, каде што се изведува настава до петто одделение.[12]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1493 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 205 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]

Спорт[уреди | уреди извор]

Во Сенокос постои е активен фудбалскиот клуб „Црвена ѕвезда“.[4]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за овие иселени семејства од Сенокос: Дековци и Чибуковци живеат во Мажучиште. Домазетовци живеат во Рилево. Велјановци живеат во Новоселани. Кашовци живеат во Мало Мраморани. Билимановци живеат во Дупјачани.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јули 2020.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 270.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 360–361.
  4. 4,0 4,1 4,2 Сенокос“. OldPrilep. 19 март 2014.
  5. Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ (книга 4). Скопје. стр. 78.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
  7. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 246.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. Образование“. Општина Долнени.
  13. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 21 јули 2020.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]