Мало Мраморани

Координати: 41°24′51″N 21°29′14″E / 41.41417° СГШ; 21.48722° ИГД / 41.41417; 21.48722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мало Мраморани

Поглед на Мало Мраморани

Мало Мраморани во рамките на Македонија
Мало Мраморани
Местоположба на Мало Мраморани во Македонија
Мало Мраморани на карта

Карта

Координати 41°24′51″N 21°29′14″E / 41.41417° СГШ; 21.48722° ИГД / 41.41417; 21.48722
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 46 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20061
Надм. вис. 715 м
Мало Мраморани на општинската карта

Атарот на Мало Мраморани во рамките на општината
Мало Мраморани на Ризницата

Мало Мраморани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Мало Мраморани се наоѓа во источниот дел на Прилепското Поле, оддалечено 12 км северозападно од Прилеп. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 715 м. Неговиот атар зафаќа површина од 3,7 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште преовладува на површина од 241 ха, па затоа селото има исклучиво полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194893—    
1953102+9.7%
196198−3.9%
197196−2.0%
198175−21.9%
ГодинаНас.±%
199149−34.7%
199452+6.1%
200244−15.4%
202146+4.5%

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името М-р-м-о-р-а-н-и и имало 27 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[5]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мало Мраморани е село со 11 домаќинства и 44 жители Македонци.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Мраморани — споменато како Долно Мраморани — живееле 55 жители Македонци.[7] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото живееле 48 Македонци.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Мраморани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.[10]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 44 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 45 Македонци и 1 лице без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 55 48 93 102 98 96 75 49 52 44 46
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Мало Мраморани е македонско село.

Родови во селото се: Јакофовци (3 куќи) први доселеници во селото, не знаат од каде се доселени; Гличевци (9 куќи) доселени се во првата половина на XIX век од селото Горно Село, таму имаат истоимени роднини, го знаат следното родословие: Киро (жив на 40 г. во 1950-тите) Даме-Ристо-Јаков, се доселил неговиот татко; Кашовци (4 куќи) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Сенокос, таму им биле род Смрдевци, уште подалечно потекло од Мариово; Лазовци (1 куќа) доселени се од костурското село Сетома во 1948 година; Каратошевци (1 куќа) доселени се од околината на Кајлари (Егејска Македонија) во 1948 година.[17]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1491 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[20]

Познати личности[уреди | уреди извор]

  • Богдан Иванчев (1883 - ?) — македонски револуционер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 1890.
  3. Мало Мраморани“. OldPrilep. 18 октомври 2014.
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 864.
  5. Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ (книга 4). Скопје. стр. 82.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
  7. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 148-149.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2020.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  18. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 10 јули 2020.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]