Стровија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стровија
Strovija-MKD.JPG

Глетка од Стровија

Стровија is located in Македонија
Стровија
Местоположба на Стровија во Македонија
Координати 41°33′47″N 21°24′38″E / 41.56306° СГШ; 21.41056° ИГД / 41.56306; 21.41056Координати: 41°33′47″N 21°24′38″E / 41.56306° СГШ; 21.41056° ИГД / 41.56306; 21.41056
Регион Прилепско Поле
Општина Општина Долнени
Население 35 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7504
Повик. бр. +389 (048)
Надм. вис. 740 м
Стровија на општинската карта
Стровија во Општина Долнени.svg

Атарот на Стровија во рамките на општината
Commons-logo.svg Стровија на Ризницата

Стровија — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Глетка од Стровија

Стровија се наоѓа во крајниот северен дел на Прилепското Поле, а во таа насока и на територијата на Општина Долнени[1]. Според местоположбата Стровија е најсеверното село во Прилепско и котлината Пелагонија, воопшто. Селото лежи на допирот помеѓу две зони на земјишта: јужно е рамно земјиште под обработливи површини, а северно лежи планинска падина под шума[2]. Оттаму, Стровија е ридско село на надморска височина од 720 метри[1]. Сместено е во подножјето на планината Даутица и низ него протекува бистрата Строшка или Стровјанска речица. Околни села се: Гостиражни, Црнилиште и Долгаец. Водата за пиење се добива од две чешми и десет бунари. Стровија е село од збиен тип. Мала рекичка ја дели на два дела, од кои секој се нарекува „Преку река“[3]. Роднинските куќи се групирани. Помали делови од селото носат родовски имиња како Срмановци, Поповци, Џарковци и др. Стровија има простран атар со голем број на потези и месности кој зафаќа простор од 25,9 км2, на кои преовладуваат шумите на 1.810 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 285 хектари, а на пасиштата 285 хектари[1]. Според тоа селото има полјоделско-шумарска функција. На рамничарското земјиште лежат следните потези: Гребиште, Преслап, Кула, Јакоа Ливада, Вилјачица, Смрдла, Лозја, Средни Ливади, Тапан, Башинец, Чука, Корија, Каменица, Свети Илија, Мали Лозја, Долги Слогови и Бара. Месности и потези на планинската падина се: Ќаве, Орешки Ливади, Скала, Езеро, Тињи, Клепа, Гоедарица, Србо Сено, Длага Орница, Кашкалиште, Стригарница, Солиште, Свињарник, Бачило, Присојница, Бојово Гумно, Кобелови, Орлово Седело, Жабинчишта, Круша, Мургоа Нива, Манастириште, Вилина Црква, Гропчеа Нива[3]. Според класификацијата на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, Стровија спаѓа во категоријата изразито неразвиени села. [1]

Историja[уреди | уреди извор]

Глетка од селото Стровија

На атарот на Стровија постојат старини, кои укажуваат дека овде имало населба уште од дамнешни времиња. Под селото е месноста Чука, која е сега под ниви. Таму селаните наоѓале „гробишта и ќупови“. На западната страна на селото на местото Нови Лозја, наоѓани се „прстени и мали пари како петличиња (копчиња)“. Над Стровија, Секуловци откопале „голем ќуп со преклоп кој собирал еден товар жито“[3]. И кај црквата Свети Никола постојат стари „елимски“ гробови. Имајќи предвид дека тука била границата помеѓу древните антички македонски племиња Пелагонци и Линкестиди кои живеле на југ во Пелагониската котлина и пајонските племиња кои живееле на север во долината на Бабуна, можно е тие остатоци да се античко-македонски или пајонски. Овие споменати старини според кажувањата на мештаните потекнуваат од поранешното население. Манастириште е место на границата помеѓу Стровија и велешкото село Богомила. Таму нема никакви „знаци“ или остатоци. Свети Илија е место во полето, каде што постои еден крст. Друг крст, наречен Свети Никола е поставен на патот за Гостиражни. На западната страна е црквата посветена на Свети Илија изградена пред околу 100 години. Пред тоа тука имало стара црквичка. Околу црквата се гробиштата на селаните чии куќи се десно од реката. Северно од селото е црквиштето Свети Никола каде што се гробиштата на селаните чии куќи се лево од реката. Селска слава е Свети Илија – Илинден.

Глетка на маалото преку реката

По народното предание и традиција, Стровија е старо село. Некогаш тоа имало само три македонски христијански домаќинства – Поповско, Богевско и Калајџиовско. Од Калајџиовци нема потомци. Тие уште во време турско „се испустиле“. Јужно од Стровија се наоѓа големото албанско село Црнилиште. За време на турското владеење, земјиштето подолу од Стровија го заземале црнилишките Албанци[3]. Тие чинеле разни штети во Стровија: ги приморувале селаните да им обработуваат ниви, им забранувале да поминуваат низ Црнилиште, им ги береле овошките и лозјата и сечеле од шумата на планината. За време на турското владеење селаните на Стровија биле „рајати“, односно биле слободни и независни живеејќи на своја сопствена земја, а во селото немало чифлизи.

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Истрохија и имало 35 семејства, 3 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[4]

До 1912 година, селаните од Стровија живееле „од стока“ (една куќа имала 20 до 100 овци), „со дрва“ (продавале греди во Битола и во другите села), потоа оделе на печалба во Србија и Романија каде „бичеле даски и работеле на патишта“[3]. Тие занимања престанале по ослободувањето и заминувањето на Турците. Оттогаш селаните купиле доста земја од Албанците од Црнилиште. Бројот на домаќинства низ ХХ век изнесувал: 78 во 1921 г., 103 во 1948 г., 106 во 1961 г., 97 во 1971 г. Во 1954 година селото имало вкупно 106 домаќинства.

Економија и стопанство[уреди | уреди извор]

Уличка во селото Стровија

Населението во селото се занимава со полјоделство, сточарство и шумарство. Обработливата површина изнесува 311 хектари, шумите изнесуваат 1.810 хектари, а пасиштата — 285 хектари. Според составот на атарот селото има полјоделско-шумарска функција[1]. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат: тутун, жито — пченица и пченка, кромид, пиперки, грав, лук и кромид. Од сточарството е застапено одгледувањето на крави, телиња, овци и кози за кои се направени и неколку нови фарми и бачила во непосредната околина на селото каде што се произведува сирење и други млечни производи. Поради изобилството од квалитетна и густа, дабова, букова и зимзелена борова шума, доста е развиено и шумарството односно сечата на дрво за огрев и градежништво. Голем проблем за селото претставуваат дрвокрадците. Во зградата на некогашното училиште на сретсело денес функционира планинарски дом, во чија непосредна близина (првата куќа) лево работи и продавница. До 1912 година, селаните од Стровија живееле „од стока“ (една куќа имала 20 до 100 овци), „со дрва“ (продавале греди во Битола и во другите села), потоа оделе на печалба во Србија и Романија каде „бичеле даски и работеле на патишта“[3].

Население и демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Стровија живееле 434 жители, сите Македонци.[5]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стровија имало 400 Македонци, егзархисти.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Стровија живеат 35 жители, сите Македонци.[7]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[8]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 434[5] 400[6] 772 785 632 400 167 75 75 35

Во Стровија од секогаш па сѐ до денес живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед. Забележан е огромен пад на бројот на населението кое во 1961 година броело 632 жители, во 1994 се намалил на само 75[1], а во 2002 на дури 35 жители, сите Македонци.

Родови[уреди | уреди извор]

Стровија е македонско село.

Според истражувањата од 1950тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Срмановци (16 к.), Николовци (10 к.), Кузмановци (9 к.), Поповци (9 к.), Спасовци (6 к.), Богоевци (4 к.) и Јанковци (2 к.) првите четири (4) рода потекнуваат од ист предок, и останатите три (3) рода исто така потекнуваат од ист предок. За овие родови преданието е дека се најверојатно староседелци.
  • Доселеници: Симоновци (13 к.), Амаловци (5 к.) и Марковци (3 к.) потекнуваат од ист предок, доселени доселени се од некое село во Порече; Ѓоргијовци (3 к.), Димчевци (3 к.), Џаркевци (11 к.) и Тркалевци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде се доселени; Шоповци (3 к.) доселени се од некое село во Порече.[2]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

За време на избори се гласа во основното училиште.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во околината на селото се наоѓа манастирот „Св. Илија", од кој беа украдени неколку вредни икони. За прославата на Илинден во 2006 година, за пречекувањето на церемонијалните коњаници, селото го посети и амбасадорот на Европската Унија, Ерван Фуере.

Цркви[9]
Археолошки локалитети[10]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година селото Стровија го слави празникот Св. Илија на 2 август, ден кој е прифатен како селска слава.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои основно училиште и манастир. Во зградата на некогашното училиште отворен е и работи планинарски дом.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Собрани се податоци за следните иселени македонски родови од Стровија. Во соседното Црнилиште во педесеттите години на ХХ век живееле 12 македонски семејства од Стровија. Тие биле гранки на родовите: Џарковци, Симоновци, Шоповци и Николовци. Во Браилово се иселени три семејства од родовите Срмановци и Симовци[3]. Веселин се иселил во Забрчани, а повеќе (од две-три до триесетина) семејства се иселени во Прилеп. Поголем број на жители на Стровија се иселиле и во Скопје во населбите Ѓорче Петров,Хром, Драчево и Лисиче.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). 'Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.'. Патрија. стр. 289. 
  2. 2,0 2,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 379-381. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 370-371. 
  4. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.75
  5. 5,0 5,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 244.
  6. 6,0 6,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
  7. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавоња, Београд 1998

Надворешни врски[уреди | уреди извор]