Црква „Св. Недела“ - Стровија

Координати: 41°34′06.4″N 21°24′31″E / 41.568444° СГШ; 21.40861° ИГД / 41.568444; 21.40861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Недела

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Долненско-секиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°34′06.4″N 21°24′31″E / 41.568444° СГШ; 21.40861° ИГД / 41.568444; 21.40861
Место Стровија
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба 28 април 1968
Осветување 2 мај 1976
Архитектонски опис

Света Недела – манастирска црква на Строшкиот манастир.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Темелите за изградба на црквата биле осветени од страна на протереј-ставрофор Борис Талесеки со благослов на Митрополит Преспанско-пелагониски г. Климент на 28 април 1968 година (Томина недела), а се верува дека претставуваат остатоци од стара манастирска црква која се наоѓала покрај брегот на Строшка Река, но од неа денес е изгубена секаква трага и единствено нешто коешто укажува на таквото верување е мала чешма со чудотворно дејство која е постветена на истата светица. Нема податоци кога била урната старата црква, но веројатно во периодот непосредно по потпаѓањето под отоманска власт.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна до којашто има трем. Над главниот влез има застаклена ниша со мозаик на Света Недела, од неговата лева страна има икона на Света Недела, а од десната страна икона на Богородица со Исус. Црквата има и спореден влез на јужната страна над која има податоци во врска со изградбата на црквата. На јужната страна над споредниот влез има и ктиторски натпис за фасадата на храмот. Камбанаријата на црквата се издига непосредно пред главниот влез на црквата. Таа е со квадратна основа и на секоја страна има по една монофора над којашто има по една бифора.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Манастир „Света Недела“, село Стровија“. OldPrilep. 6 јуни 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]