Кутлешево
Кутлешево | |
Поглед на Кутлешево | |
Координати 41°24′26″N 21°24′50″E / 41.40722° СГШ; 21.41389° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 25 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7504 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20057 |
Надм. вис. | 660 м |
Слава | Велигден (втор и трет ден) |
Кутлешево на општинската карта Атарот на Кутлешево во рамките на општината | |
Кутлешево на Ризницата |
Кутлешево, се среќава и како Кутлешово, Кутлеше или Кутнешово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Кутлешево се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, како и во средишниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 660 м. Неговиот атар зафаќа површина од 2,8 км2 Од Прилеп е оддалечено 17 км.[2]
Месности во селскиот атар се: Чаир, Абејца, Присој, Крст, Барутница, Сивец, Смрдливче, Орлов Даб, Голема Нива, Корија, Мито Кориче, Бел Камен, Грашиште, Сува Ливада, Врба, Камен, Гробишта, Црква, Меризиште, Капиње, Самоков, Чадлов Камен и Попов Камен.[3]
Селските гробишта се сместени на околу 200 м североисточно од селото.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Остатоци за постоењео населба на местото на селото биле пронаоѓани од страна на мештаните. Во нивите на потегот Грашиште, сместен пониско од селото, селаните при орањето најдувале остатоци од ѕидови и ќерамиди. На еден рид со каменита подлога над селото, на три места биле ископани вински корита; а во месностите Крст и Барутница северно од селото биле забележани дупки ископани во земјата, а за тоа место мештаните говореле дека се користело за правење барут. леПотезот Грашиште лежи пониско од Кутлешево. Таму, низ нивите, селаните во орањето наоѓале остатоци од ѕидови и ќерамиди, кои биле „три прсти дебели“. Над селото, на еден рид со каменита подлога, на три места се ископани вински корита. Крст и Барутница се места северно од Кутлешево. Таму се гледале дупки, ископани во земјата. За тоа место селаните говореле дека „тука некогаш се правел барут“.[3]
Во селото нема црква, но во средината на гробиштата има археолошко наоѓалиште, каде што се видливи остатоци од ѕидови на црква со должина од 8 м и ширина од 4 м. Околу црквата има старински гробови коишто се распоредени во правец исток-запад, а преку нив има плочи за коишто постои предание дека припаѓале на „некој стар народ“. При откопување на неколку гробови, селаните нашле крупни черепи и долги бутни коски околу коишто имало камени плочи.[3]
Според традицијата, денешното село било основано по пропаѓањето на соседното село Милошево. Тоа веројатно се случило некаде на почетокот на XIX век. Во текот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство и претставувало чифлишка населба. Сопственик на чифлигот во 1912 година бил Али-бег од Дебар. Во време на Балканските војни и Првата светска војна, чифлизите се растуриле, а некои од нивните сопственици се преселиле во селото Вранче. Од 1918 година, државната власт земјата им ја поделила на новодоселените селани.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има главно полјоделска функција. Во рамки на неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 152 ха, а на пасишта отпаѓаат 106 ха.[2]
Според Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година, селото е запишано дека било тимар на Мустафа. Вкупниот приход од селото изнесувал 3.400 акчиња и најмногу бил остваруван од пченица, испенџе, нијабет и свадбарина, ушур од коноп и др.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во пописните дефтери од 1467/68 година во Кутлешево имало 14 христијански семејства, 2 неженети и 1 вдовица; во 1481/82 година имало 17 семејства и 3 вдовици; во 1544/45 година имало 15 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, како и 1 муслиманско семејство; а во 1568/69 година имало 15 семејства и 5 неженети.[3]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кутлеше било село со 8 домаќинства и 31 жител Македонец.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кутлешево имало 40 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Кутнешово било село со 48 жители Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кутлешово се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Кутлешево живеат 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 40 | 48 | 98 | 134 | 194 | 145 | 82 | 48 | 34 | 27 | 25 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Кутлешево е македонско село, а порано во селото имало и нешто српско население.
- Македонски родови во селото се: Димбаровци (1 к.) едно домаќинство им останало уште од турско време. Потекнуваат од домазетот Мирче. Старите Димбаровци се изумрени; Јошевци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Долнени, пред тоа скитале и по други села. Живееле и во селото Лажани. Право место на потекло им е од селото Кокре, Мариово, го знаат следното родословие: Спасо (жив на 56 г. во 1950-тите) Тодор-Јоше-Илче, основачот на родот; Дајковци (4 к.) доселени се во 1923 година од селото Дабјани; Таневци (2 к.) доселени се во 1933 година од селото Косово, Порече; Петревци (1 к.), Черговци (1 к.) и Микајл (1 к.) доселени се во 1945 година од селот Лупште, Порече
- Српски родови во селото биле: Дабиќи (1 к.) доселени во 1924 година од златиборското село Алин Поток; Деспиновиќи (2 к.) доселени во 1936 година од селото Врлик, Далмација (Хрватска); Јовановиќи (1 к.) доселени во 1935 година од околината на Гнилане (Косово), во овој род живеел и домазет од родот Мартиновци од соседното село Бело Поле.[14]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1468 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 23 гласачи.[16]
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта
- Петочна Вода — населба од римско време;[14][17]
- Присој — населба од неолитско време;
- Грашиште — неопределено наоѓалиште од непознат период;
- Крс — неопределено наоѓалиште од непознат период;
- Барутница — неопределено наоѓалиште од непознат период;
- Гробишта — црква и некропола од непознат период.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Црвениковци иселени се во Заполжани. Тошевци иселени се во Горно Село. Филиповци иселени се во Средорек. Кокаревци и Баловци иселени се во Новоселани.[14]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Кутлеш — славно село во Егејска Македонија со слично име
- Прилепско Поле
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 170.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 „Кутлешево“. OldPrilep. 24 јануари 2013.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 74-75.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јули 2020.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 17 јули 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на н ауките и уметностите. ISBN 9989649286.