Десово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Десово
Поглед на Десово.jpg

Поглед на Десово

Десово is located in Македонија
Десово
Местоположба на Десово во Македонија
Координати 41°27′47″N 21°29′22″E / 41.46306° N; 21.48944° E / 41.46306; 21.48944Координати: 41°27′47″N 21°29′22″E / 41.46306° N; 21.48944° E / 41.46306; 21.48944
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 1.026[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20030
Надм. вис. 680 м
Десово на општинската карта
Десово во Општина Долнени.svg

Атарот на Десово во рамките на општината
Commons-logo.svg Десово на Ризницата


Десово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Десово се наоѓа во североисточниот дел на Прилепското Поле, на југозападните огранки на планината Бабуна, во источниот дел од територијата на Општина Долнени. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 680 м. Од Прилеп е оддалечено 21 км. Неговиот селски атар зафаќа површина од 24,4 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар, на обработливо земјиште отпаѓаат 1.115,5 ха, пасиштата зафаќаат површина од 1.078,8 ха, а шумите површина од 121,4 ха.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Десово се споменува како село со 102 домаќинства и 240 жители муслимани, 130 Македонци и 40 Роми.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Десово имало 40 жители Македонци христијани, 625 Албанци и 75 Роми.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 495 Албанци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Десово живеат 1.026 жители, од кои 566 Бошњаци, 290 Албанци, 145 Македонци, 20 Турци, 3 Срби и 2 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 740 1.551 1.627 1.740 1.481 1.317 1.075 1.080 1.026
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Во продолжение е направен табеларен преглед на националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.551
1953 423 79 952 3 ... 170 1.627
1961 706 1 957 ... ... 35 ... 41 1.740
1971 623 2 439 ... ... 417 1.481
1981 323 34 174 2 ... 784 1.317
1991 176 141 63 695 1.075
1994 153 228 91 1 607 1.080
2002 145 290 20 3 566 2 1.026

Родови[уреди | уреди извор]

Панорама на селото

Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Ајдиновци, Цаловци, Мечовци (и некои други). Доселени се од северна Албанија во втората половина на 18. век.[11]

Албански родови во селото се: Гач (18 куќи), Мечовци (12 куќи), Џаковци (7 куќи), Гоговци (5 куќи), Ајдиновци (3 куќи), Гулевци (1 куќа), Теновци (17 куќи), Барјактаровци (13 куќи), Еминовци (10 куќи), Тавчевци (10 куќи), Иковци (8 куќи), Фератовци (8 куќи), Садиковци (7 куќи), Кадриовци (3 куќи), Шабановци (3 куќи), Бајрамовци (3 куќи), Реџовци (3 куќи), Черговци (5 куќи), Алемовци (4 куќи), Шупевци (4 куќи), Дац (3 куќи), Реберовци (6 куќи), Џингаловци (5 куќи), Оџовци (4 куќи), Беловас (3 куќи), Киковци (2 куќи), Имер Муса (3 куќи), Полико (1 куќа), Мурат-Ќаја (1 куќа), Ајровци (3 куќи), Демирзан (3 куќи), Тетовци (3 куќи) и Вели-Кичевас (3 куќи). Првите шест рода потекнуваат од ист предок, сите овие родови се доселени од разни места во Северна Албанија, кои дошле во Десово преку Тетово, Кичево и Дебар.[12]

Македонски родови во селото се: Митковци (6 куќи) доселени се 1923 година од Ореов Дол, велешко; Терзиовци (2 куќи) и Соколовци (2 куќи) доселени се од Габровник, велешко во 1925 година; Милошевци (3 куќи), Велевци (3 куќи), Долни Велевци (3 куќи) и Богоевци (3 куќи) доселени се од Габровник во 1924 и 1925 година; Тошевци (2 куќи) доселени се 1925 година од Дреновци; Ризовци (6 куќи), Стојановци (4 куќи) и Мијовци (3 куќи) и они се доселени од Габровник во три наврати 1924, 1926 и 1928 година; Думбазовци (3 куќи) доселени се 1924 и 1926 година од Мокрени, велешко; Томевци (1 куќа) доселени се 1928 година од Галичник; Балаловци (3 куќи) доселени се 1928 година од Лактиње, Дебрца; Петковци (2 куќи) доселени се 1925 година од Сливово, Дебрца; Мицковци (1 куќа) доселени се 1933 година од Сливово, Дебрца; Игновци (1 куќа) доселени се 1928 година од Теово, велешко; Андрејевци (1 куќа) доселени се од Годивје, Дебрца во 1936 година; Стојан (1 куќа) доселен од некое село во Порече 1954 година; Ромбевци (1 куќа) доселени се од Ореов Дол, велешко во 1924 година; Слободан (1 куќа) доселен 1926 година од Крушје, Порече; Андон (1 куќа) доселен од Црешнево, Порече во 1954 година.[12]

Бошњачки родови во селото се: Бошњаци (2 куќи) доселени се 1955 година од Нови Пазар. После тоа доселен е поголем број на Бошњаци од Санџак.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Во селото работи основното училиште „Пере Тошев“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[13] Освен тоа, во селотом има и земјоделска задруга.[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Дупјачани.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1459 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 883 гласачи.[15]

Културни наменитости[уреди | уреди извор]

Џамијата во селото
Археолошки наоѓалишта[12][16]
  • Брчки — населба од римско време;
  • Горно Поле — некропола од доцноантичко време;
  • Кале — населба од доцноантичко време и среден век;
  • Киш — некропола од доцноантичко време;
  • Клетовник — некропола од доцноантичко време и среден век;
  • Ламбичица — населба од неолитско време;
  • Рамниште — фурна од римско време;
  • Селиште — населба од доцноантичко време;
  • Цркварско — населба од доцноантичко време;
  • Манастириште — црква од непознат период.
Цркви[17]
Џамии[18]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Десово
Луѓе со потекло од Десово

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 95.
  3. Десово“. OldPrilep. 25 октомври 2013.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 247.
  6. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  11. Ивановски, Р. (2014). Албанците во Македонија само од 1780 година. Битола. стр. 9.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  13. Образование“. Општина Долнени.
  14. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 10 јули 2020.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]