Заполжани
Заполжани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, северозападно од градот Прилеп.
Историја[уреди | уреди извор]
Кон крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Заполжани живееле 354 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Заполжани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Во 2002 година, во селото живеел 241 жител, од кои 234 Македонци и 7 Роми.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 229 жители, од кои 218 Македонци, 1 Албанец и 10 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 354 | 160 | 462 | 511 | 504 | 439 | 406 | 306 | 273 | 241 | 229 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Заполжани е македонско православно село, во селото има малку староседелски родови, а повеќе доселенички.[10]
Родови во Заполжани се: Тркалевци (4 к.), Дуковци (3 к.), Ѓорговци (1 к.) и Бурџевци (1 к.), Дуковци се гранка од Тркалевци, овие четири рода се староседелски; Нешковци (20 к.), доселени се од некое село во Охридско; Сливовци (6 к.), доселени се од соседното село Големо Коњари, на самиот старт од XIX век, го знаат следното родословие: Никола (76 г. во 1951 година) Ристе-Диме-Спирко, порано се викале Гроздановци; Соколовци (5 к.), доселени се од селото Зрзе, во Зрзе припаѓале на родот Гебевци, кои се доселени од кичевското село Патец; Лајковци (2 к.), доселени се во турско време од претежно торбешкото село Лажани; Мартиновци (3 к.), доселени се во турско време, од селото Средорек; Црвениковци (4 к.), доселени се во 1919 година од селото Далбеговци, таму припаѓале на родот Шиндевци; Козаровци (3 к.), доселени се во 1921 година од селото Слепче, Прилепско, таму припаѓале на истоимениот голем род, кои во Слепче се доселени од Дебарско; од 1936 година во селото се доселиле 6 рода, 5 од Порече и 1 од Мариово, родови: Дуковци (3 к.), доселени се од селото Локвица; Душановци (3 к.), Маџовци (3 к.) и Златевци (1 к.), доселени се од селото Лупште; Огњановци (2 к.), доселени се од селото Ковач и Спасе (1 к.), доселен од некое село во Мариово.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1467 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 195 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[13]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква. Изградена е во 1872, а обновена во 1928 година.;
- Археолошки наоѓалишта
- Лозја — населба од неолитско време;[14]
- Ореова Бара — населба од неолитско време;[14]
- Шаторица — населба од доцноантичко време;[14]
- Карајница — неопределено од непознат период;[15]
- Висови — неопределено од непознат период;[15]
- Глежојца — неопределено од непознат период;[15]
- Слатина — неопределено од непознат период;[15]
- Тумба — неопределено од непознат период;[15]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Шишковци иселени се во Мажучиште. Слабаковци иселени се во Бело Поле. Стевановци иселени се во Сенокос. Од родовите Тркалевци, Соколовци и Сливовци по две семејства се иселени во Прилеп. Од родот Златевци едно семејство е иселено во Скопје. Неколку семејства од Бурџевци изумреле.[10]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 246
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 150-151.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1998). Битолско-Прилепска Котлина. Белград. стр. 352–353.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофска проучавања, Београд 1998