Маргари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маргари
Margari-MK.JPG

Поглед на Маргари

Маргари is located in Македонија
Маргари
Местоположба на Маргари во Македонија
Координати 41°32′10″N 21°21′52″E / 41.53611° N; 21.36444° E / 41.53611; 21.36444Координати: 41°32′10″N 21°21′52″E / 41.53611° N; 21.36444° E / 41.53611; 21.36444
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 27[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20065
Надм. вис. 760 м
Маргари на општинската карта
Маргари во Општина Долнени.svg

Атарот на Маргари во рамките на општината
Commons-logo.svg Маргари на Ризницата


Маргари — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Маргари се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле и Општината Долнени во близина на границата кон Општина Македонски Брод. Сместено на плавно (влажно) место во подножјето на гребенот Мовнатец.[2] Поточно, Маргари се наоѓа северозападно од градот Прилеп, на југоисточните падини на планината Даутица. Селото е ридско на надморска височина од 760 метри.[3] Од градот Прилеп селото е оддалечено 33 километри. Во непосредна близина на Маргари е поголемото и попознато село Долгаец. Водата за пиење порано се црпела од реката, а сега од бунари.[4] Извори нема. На сретселото пред селската црква има новоизградена чешма. Маргари е село од збиен тип. Атарот е мал и зафаќа простор од 4,1 км2 на кој преовладуваат шумите на површина од 246 хектари, а обработливото земјиште зафаќа 150 хектари.[3] Потезите на планината се нарекуваат: Краста, Мовнатец, Сама Бука, Извор, Папрадиште, Куси Рид, Гоедски Пазар. Потезите под селото во полето се Плоча, Ќерамидница и Ѓуроа Глава.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Ѕидови од стари куќи во Маргари

Во пишаните извори во 1355 година се споменува Маргарит како селиште кое царот Душан го потврдил како сопственост на манастирот Трескавец близу Прилеп.[4] Од Маргарит родум бил Дијак Добре кој оставил белешка дека пишувал во времето на Крали Марко. Овие споменувања се однесуваат на прилепското селото Маргари. Меѓу народот постои предание во кое се вели дека денешното Маргари пред околу 230 години го основале три доселени Мијаци од кои потекнуваат сите денешни родови. Мијаците дошле како сточари. Како показател за мијачкото потекло на ова село од околните жители често се наведува изгледот на градбата на куќите кои само во ова село и Долгаец се целосно од камен, за разлика од околните соседни села како Рилево и други кои користат и непечена тула (ќерпич или плитар) во градбата. Иако, се забележливи и некои физички црти како русокосост, сепак ниту во говорот, обичаите, ниту во самосвеста жителите на Маргари и Долгаец не се сметаат за Мијаци, како што е тоа случај во блиските села Папрадиште и Ореше во долината на Бабуна. Обработливото земјиште на ова село зафаќа незначителна површина заради што во турско време тука немало чифлизи.[4] До Првата светска војна жителите работеле како печалбари претежно во Србија, каде што бичеле штици и биле градежни работници. Од тогаш печалбарството престанало бидејќи селаните успеале да купат добри ниви во атарите на соседните села Црнилиште, Сливје и Костинци.

Во Маргари се наоѓа црквата посветена на Св. Богородица која е изградена во 1883 година. Над селото има „стара расипана црква“. Тоа е знак кој потврдува дека овде имало населба уште пред денешното Зрзе. Селска слава е третиот ден Велигден. Под Маргари има 5 хектари земја кои припаѓаат на манастирот во соседното Зрзе. Селото има две гробишта – едно крај црквата Св. Богородица, а друго кај споменатото црквиште. Бројот на домаќинства во текот на ХХ век изнесувал: 35 во 1921г., 50 во 1948 г., 62 во 1961г., 45 во 1971 г. Во 1954 година во Маргари имало вкупно 56 домаќинства.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Преостанатото население во Маргари се занимава со земјоделство, кое пред сѐ ги задоволува домашните потреби. Најмногу се одгледува тутун, жито - пченица и пченка, компир, кромид. Од сточарството застапено одгледувањето овци, крави и кози во помал размер од кои се добива млеко и прави сирење. Исто така во мали размери е застапено и овоштарството односно одгледувањето сливи, јаболка, круши и ореви. На падината на Даутица во околината на селото во изобилство има многу густа дабова шума од која се сече дрво за огрев и градежништво. До Првата светска војна жителите работеле како печалбари претежно во Србија, каде што бичеле штици и биле градежни работници. Од тогаш печалбарството престанало бидејќи селаните успеале да купат добри ниви во атарите на соседните села Црнилиште, Сливје и Костинци.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Маргари е посочено како село со 15 домаќинства и 65 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Маргари имало 230 жители Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 200 жители Македонци.[7]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 27 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230 200 361 398 367 200 82 33 35 27
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Од тројцата доселени Мијаци, кои биле основачи на селото, потекнуваат следните македонски родови: Балтовци, Ситниковци и Миовци. Ситниковци слават Голема Богородица, а останатите Спасовден. Како што е споменато, Мијаците дошле пред околу 230 години. Во родот Балтовци се знае следниот родослов: Спирко 50 години во 1954 – Коне-Петре-Стеван-Соколе, чиј татко се доселил во Маргари.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 1479 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 8 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви[14]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за овие иселеници од Маргари: Дрндаревци и Размовци отишле во Црнилиште. Прчевци живеат во Секирци. Пишакаровци живеат во Небрегово[4]. Во педесеттите години на ХХ век голем број жители на Маргари се иселиле во Прилеп и во населбите Лисиче, Пинтија и Припор во Скопје.

Личности[уреди | уреди извор]

Починале во Маргари

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 април 2020.
  2. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 378–379.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија. стр. 191.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 377.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 1 април 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]