Сарандиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Сарандиново е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.


Сарандиново
Сарандиново is located in Македонија
Сарандиново
Местоположба на Сарандиново во Македонија
Координати 41°26′8″N 21°24′43″E / 41.43556° СГШ; 21.41194° ИГД / 41.43556; 21.41194Координати: 41°26′8″N 21°24′43″E / 41.43556° СГШ; 21.41194° ИГД / 41.43556; 21.41194
Општина Општина Долнени
Население 98 жит.
(поп. 2002)
Сарандиново на општинската карта
Сарандиново во Општина Долнени.svg

Атарот на Сарандиново во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Сарандиново се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, оддалечено 17 километри северозападно од Прилеп.

Соседни села се: Ропотово, Жабјани и Пешталево од север, Браилово од североисток, Долнени од југоисток, Кошино од северозапад, Дабјани од запад, Бело Поле, Кутлешево и Новоселани од југозапад.

Поедини места во атарот на селото ги носат имињата: Мера, Мала, Рада, Дрварски Пат, Пречни Пат, Јаширица, Орлоица, итн.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Во пописните дефтери од 1467/68 година Борилово (Сарандиново) е регистрирано како ненаселена мезра, а во 1568/69 тука живееле 10 македонски христијански семејства и 7 неженети.

Денешното Сарандиново не е многу старо село, тоа е основало од доселеници од раселеното село Бурилово на почетокот на 19ти век, потоа дошле и други родови.[1]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Сарандиново живееле 120 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сарандиново имало 128 Македонци, егзархисти.[3]

Сарандиново е мало село и според пописот од 2002 година, во селото живееле 98 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 120[2] 128[3] 148 191 219 165 125 106 99 98

Родови[уреди | уреди извор]

Сарандиново е македонско село.

Родови во селото се: Дашковци и Младеновци доселени се на почетокот од 19ти век од раселеното село Бурилово, во родот Дашковци се знае следниот родослов Васил (жив на 68 год. во 1950тите) Велко-Стојан-Кочо, основачот на родот кој дошол од раселеното село Бурилово; Симоновци доселени се во 1908 година од иселеното село Големо Мраморани; Гиновци и Микајле доселени се од селото Лупште во Порече, првите во 1936 година, а вторите во 1954 година; Нешковци доселени се во 1936 година, пред тоа живееле во Бело Поле и Житоше; Стојчевци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Сушица во Порече; Настевци доселени се во 1936 година од селото Зркле во Порече; Ефремовци доселени се во 1936 година од селото Рамне во Порече; Сиљановци (1 к.) доселени се во 1936 година од селото Манастирец (Горни или Долни) Порече; Павлевци доселени се во 1936 година од селото Могилец во Порече.[6]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[1]
  • Тумба - неопределено од непознат период;
  • Падарчица - неопределено од непознат период;
Друго


Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните иселеници од селото Сарандиново: Јакофовци (4 к.) иселени се во селото Бело Поле. Мартиновци (2 к.) иселени се во селото Локвени. Од селскиот род Дашковци има иселеници во Прилеп (три семејства) и во Софија, Бугарија (пет семејства). Од родот Младеновци има иселеници во Прилеп (четири семејства)[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавоња, Београд 1998
  2. 2,0 2,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 245.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. конс. 2019-01-01. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]