Црква „Св. Илија“ - Стровија
Свети Илија | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Долненско-секиречка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°33′45.5″N 21°24′24.1″E / 41.562639°N 21.406694°E |
| Место | Стровија |
| Општина | Долнени |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Илија |
| Завршено | XIX век |
| Архитектонски опис | |
Свети Илија – главна селска црква во селото Стровија.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во XIX век.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида украсена со три слепи ниши на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на Свети Илија. Кон западната страна на храмот е дограден помошен објект. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата и дел од селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. На секоја страна од долниот дел има по една монофора, додека на секоја страна од горниот дел има по една бифора.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната порта од дворот на црквата
- Влезот на црквата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Селските гобишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Николовски, Дарко. Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак, Крива Паланка (PDF). Патримониум.mk. 7. стр. 195.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Илија“ - Стровија на Ризницата ?


