Дреновечки манастир
(Пренасочено од Манастир „Св. Атанасиј“ - Дреновци)
![]() Дворот на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Дреновечки манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Атанасиј“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Атанасиј Александриски |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Атанасиј“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Дреновци, Општина Долнени ![]() |
Координати | 41°28′23.3″N 21°32′40.2″E / 41.473139° СГШ; 21.544500° ИГДКоординати: 41°28′23.3″N 21°32′40.2″E / 41.473139° СГШ; 21.544500° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак, чешма, помошни објекти |
Отворен за јавност | да |
Други информации | (Долненско-секиречка парохија) |
Дреновечки манастир — манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Бабуна, во близина на селото Дреновци.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Манастирот бил изграден со подигнувањето на манастирската црква веројатно во XVII век.[2]
Градби[уреди | уреди извор]
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конак, чешма и помошни објекти. На карпи над доворот од манастирот се издига и метален крст, а зад манастирот има и стар гроб.
Црква „Свети Атанасиј“[уреди | уреди извор]
Според своите димензии, архитектурниот стил и живописот, црквата се проценува дека била изградена во XVII век. Таа е еднокорабна со правоаголна основа и се одликува по тоа што олтарскиот простор во источниот дел претставува засебен дел со помали димензии и има мала полукружна апсида на источната страна.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Манастир „Свети Атанасиј“, село Дреновци“. OldPrilep. 27 мај 2013.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Дреновечки манастир на Ризницата ?