Големоилинска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Илинска Река)
Големоилинска Река
Местоположба
Физички особености
Устиесостав со Церска Река, пред с.Железнец
Особености на сливот

Големоилинска Река (или само Илинска Река) — река, односно помал планински поток, која всушност претставува изворишна челенка на Црна Река. Извира високо на Илинска Планина во долот под нејзиниот највисок врв Лиска над селото Големо Илино под името Утов Дол.[1]

Над селото Големо Илино во месноста Попова Краст извираат Церска и Воденичка Река, при што потоа тие се спојуваат со Попов и Зли Дол со што се формира Големоилинска Река која минува низ селото Големо Илино.[1] Пред селото Железнец се спојува со Церската Река и продолжуваат да течат под заедничкото име Црна.[2] Над селото Железнец, кај кота 734 м. во неа се влева Зли Дол, а таму е и изворот на Црна Река.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 24. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 179.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]