Добрун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добрун било средновековно утврдување во Демирхисарско или во Порече. По освојувањата на кралот Милутин во Македонија (1282 –1284), станало погранично утврдување меѓу Србија и Византија. Во 1330 г. го освоил византискиот цар Aндроник III Палеолог кој од својот логор во Северна Пелагонија преземал напади на соседните погранични утврдувања што ги држеле Србите.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. T. Tомоски, Белешки по повод воениот поход на Aндроник III во Македонија во 1330 г., Македонија низ вековите.