Градиште (Опила)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Карта

Местоположба 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417Координати: 42°8′34″N 22°8′39″E / 42.14278° СГШ; 22.14417° ИГД / 42.14278; 22.14417
Основни податоци
Место Опила
Општина Крива Паланка
Тип

Археомак 2.0 графички знак (градиште).svg градиште


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Градиште археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Опила. Претставува градиште од доцноантичко време. Прогласено е за културно наследство на Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на десниот брег на Крива Река, на висок рид што доминира над околината, со правец на протегање север-југ и димензии од околу 100 х 40 м. На северната страна се гледа вештачки направен ров, додека другите три страни се многу стрмни. Карактеристично за ридот, а со тоа и за самото наоѓалиште, е тоа што има структура од мека карпа во која се исклепани повеќе простории, скали, ниши и сл. Во подножјето на западната страна има остатоци од цистерна. Од утврдувањето потекнуваат повеќе монети од III и IV век кои се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, фрагменти од стакло, бронза, железо и друг археолошки материјал. Во контекстот на градиштето треба да се имаат предвид и наоѓалиштата Чифлик, некропола од доцноантичкото време, и Чифличиште, населба од истото време, кои се наоѓаат во непосредната околина. Се претпоставува дека Градиште бил значаен населбински и фортификациски пункт што се наоѓал на комуникациите Стоби-Пауталија и Скупи-Пауталија.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 198, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069