Градиште (Горна Бањица)
Градиште познато и како Горнобањичко Кале — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Горна Бањица. Претставува утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 500 м јужно од селото на местото каде се издига доминантен рид сместен на јужната периферија на Горни Полог, западно над стариот пат за Кичево. На зарамнетото плато, чија површина изнесува 120 × 120 м, се гледа траса од бедем граден од кршен камен и варов малтер. По површината на градиштето се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и други предмети со различна временска припадност.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Врбјанско Маало — некропола од средновековието;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Горна Бањица
- Археолошки наоѓалишта во Општина Гостивар
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Гостиварско