Стражник (Дебреше)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стражник

Карта

Местоположба 41°49′2″N 20°52′50″E / 41.81722° СГШ; 20.88056° ИГД / 41.81722; 20.88056Координати: 41°49′2″N 20°52′50″E / 41.81722° СГШ; 20.88056° ИГД / 41.81722; 20.88056
Основни податоци
Место Дебреше
Општина Гостивар
Тип

 некропола


Период бронзено време
Портал „Археологија“

Стражникархеолошко наоѓалиште во гостиварското село Дебреше. Претставува некропола од бронзеното време. Се наоѓа во близината на северниот раб на селото, на приватен имот, што лежи во подножјето на ридот Стражник, каде при земјоделски работи биле откриени три урни - керамички садови со мали држалки на најширокиот дел, со траги од пепел во нив. Урните биле вкопани во здравица. По површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови. Наоѓалиштето е загрозено со интензивната урбанизација на селото. Урните имаат аналогии во некрополите на Косово и јужното Поморавие и се датираат меѓу 1700-1200 година од старата ера.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069