Ѕвезда (Горна Ѓоновица)
Ѕвезда — археолошко наоѓалиште во гостиварското село Горна Ѓоновица. Претставува утврдена населба од римското време. Се наоѓа во приватна нива, која се наоѓа на околу 3 км источно од селото и има приближно 100 × 100 м, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси, многуброен градежен материјал, како и згура од топена железна руда. Кај сопственикот на нивата има питос и железно копје најдени на ова место.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Ѓоновичко Кале — населба од римско време и средновековието;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |