Ѓоновичко Кале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кале
археолошко наоѓалиште
Кале is located in Археолошки локалитет во Македонија
Кале
Кале
(Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Местоположба 41°42′30″N 20°54′29″E / 41.70833° СГШ; 20.90806° ИГД / 41.70833; 20.90806Координати: 41°42′30″N 20°54′29″E / 41.70833° СГШ; 20.90806° ИГД / 41.70833; 20.90806
Основни податоци
Име Кале
Место Горна Ѓоновица
Општина Гостивар
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба

Период римско време
среден век
Портал „Археологија“  • Проект „Археомак“

Ѓоновичкото Кале познато и како Каја или Ѕвездено Кале е археолошки локалитет во гостиварското село Горна Ѓоновица. Локалитетот претставува утврдена населба од римското време и средниот век. Се наоѓа на патот за селото Србиново, над левиот брег на реката Лакавица, на висок рид со зарамнето плато, каде се гледаат остатоци од фортификација и делови од една кула чии бедеми се зачувани наместа и до 5 m во височина. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и многуброен градежен материјал. Исто така се среќава и згура од топена железна руда. Калето имало функција да ја штити комуникацијата Македонски Брод-Кичево.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Ѕвезда - населба од железно време, доцнатата антика и средновековието;


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069