Роглевска тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роглевска тврдина
археолошко наоѓалиште
Rogle kupola.jpg


Карта

Местоположба 41°58′4″N 21°9′55″E / 41.96778° СГШ; 21.16528° ИГД / 41.96778; 21.16528Координати: 41°58′4″N 21°9′55″E / 41.96778° СГШ; 21.16528° ИГД / 41.96778; 21.16528
Основни податоци
Место Рогле
Општина Желино
Тип

Археомак 2.0 графички знак (тврдина).svg тврдина


Период римско време
Портал „Археологија“

Роглевска тврдинакрепост на месноста Кука, на рид висок 250 м, 1 км северно од селото Рогле, Тетово, што од југ ја наткрилува теснината на рекичката Фуш. Низ теснината се пробива магистралниот пат СкопјеПологОхрид (античкиот пат СкупиЛихнид). Од ридот се контролира овој пат многу километри на запад и исток и во теснината може лесно да се блокира.[1]

Изглед[уреди | уреди извор]

Пред источното лице на кастелот се протега гранична камена преграда, наречена денес „Марков Ѕид”. Долга е повеќе километри — до Бојане и до падините на Жеден на север и до Раович и масивот на Сува Гора на југ. Преградата (клаустра) е свртена со лицето на исток, кон Скопското Поле и се совпаѓа со граничната линија меѓу провинциите Дарданија и Превалитана. Задачата и била да ги блокира сите споредни гранични премини на тој простор.

Наоди[уреди | уреди извор]

Најстари остатоци[уреди | уреди извор]

На врвот од Кука во доцноантичко време бил подигнат кастел со големина од 120 × 90 м (0,7 ха). Обѕидието е градено во цврст малтерен слог, со три кули на аглите. Во средината доминира голема базилика со мозаичен под (V-VI век). Најдени се монети од доцниот IV, V и VI век, потоа печки за топење на бакар и боење на стаклени мозаични тесели со хромни оксиди.[2]

Средновековни остатоци[уреди | уреди извор]

Меѓу површинските наоди се утврдени е и неколку средновековни предмети: византиски монети — бакарни скифати од XII-XIII век; тока за ремен, дел од бронзен крст — енколпион и прстен (X-XII век); железни врвови за стрели за пробивање оклоп.

Намена[уреди | уреди извор]

Очигледно е дека оваа стратешки многу значајна крепост била користена низ целото средновековие, демнејќи го магистралниот пат од Скопје кон Полозите и граничните премини кон српските земји на северозапад како и кон Охрид на југозапад.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Нови наоди од доцноантичките крајпатни кастели на кај Рогле, Свиларе, Сопот (ad Cephalon) и Фариш, Историја 88-89/XXIV-XXV/ Бр. 1-4, Скопје 1991, 145-154, Т. V-XII (резиме: New Findings of Late Antique Fortresses at Rogle, G. Svilare, Sopot (ad Cephalon) and Fariš, 154)